top of page

ТЕРАПИЈА КОЈА ГИ „БУДИ“ ЗАСПАНИТЕ ПОДРАЧЈА ВО МОЗОКОТ И ГО ПОТТИКНУВА СОЗДАВАЊЕТО НА НОВИ НЕВРОНСКИ ВРСКИ ВО НЕГО

Персонализирана поддршка за секое дете.

Го поттикнуваме уникатниот развој на вашето дете со индивидуален пристап, прилагоден на неговите потреби и потенцијали.
ChatGPT Image Mar 24, 2026, 08_48_28 PM.png

Што е APP Tomatis метода?

APP Tomatis е невросензорна метода која користи специјално обработена музика и глас со цел да го стимулира нервниот систем и да ја подобри способноста за слушање, внимание, комуникација и учење.Методата е развиена од францускиот лекар и истражувач д-р Алфред Томатис, кој прв ја истакнал важната поврзаност помеѓу слушањето, јазикот, учењето и целокупниот развој на личноста.За време на програмата, детето слуша специјално обработени аудитивни содржини преку професионална опрема која користи воздушна и коскена проводливост.На овој начин мозокот добива прецизно контролирана аудитивна стимулација која го поттикнува неговиот развој и организација.Tomatis методата не е терапија за учење на зборови или вежбање на одредени вештини. Наместо тоа, таа создава подобри услови нервниот систем поефикасно да ги обработува информациите од околината, што може позитивно да влијае врз вниманието, комуникацијата, емоционалната регулација и способноста за учење.Методата често се применува кај деца кои имаат потешкотии со говорот и јазикот, вниманието и концентрацијата, сензорната обработка, учењето, емоционалната регулација и социјалната комуникација.Се користи и како поддршка кај лица од аутистичниот спектар и други невроразвојни предизвици.Секоја Tomatis програма се планира индивидуално, врз основа на проценка и внимателно следење на потребите на детето. Целта не е да се третира дијагнозата, туку да се поддржи потенцијалот на секое дете и да се создадат подобри услови за негов развој, учење и комуникација.

Томатис метода

Моќна аудитивна стимулација што ја подобрува концентрацијата, говорот, моториката и емоционалната регулација преку активирање на таламус.

Brain Mapping

Прецизно мапирање на мозочната активност , следење на хипер/хипоактивација и креирање на персонализиран пристап. Следење на ефектите од томатис терапија

QRI Laser reflex integration

LLT стимулација со ласер, што ги интегрира примитивните рефлекси и го поддржува целокупниот невролошки развој.

М.М 

„Забележав многу голема разлика кај моето дете, многу е повеќе фокусиран, подолго се задржува на една активност и почна да кажува „Мамо“ , а тоа ни е огромна радост.“

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТ TOMATIS?

Kid and Dog

ЗА ДЕЦА СО:

Развојни доцнења, говорно-јазично доцнење, проблеми со разбирање на говор, мал фонд на зборови, проблеми со фина и груба моторика, рамнотежа и координација, намалена телесна свест и лоша постура, задоцнет социо-емоционален развој.
Предвремени родени деца, тешкотии во сензорната интеграција, дислексија, дискалкулија, проблеми со пишување, концентрација и внимание, анксиозност, хиперактивност, ниска толеранција на фрустрации, недостаток на мотивација, хиперсензитивност.
Деца со Down синдром, West синдром, Prader willi синдром, Angelman синдром, Asperger синдром, Rett синдром, Аутизам, повторувачки однесување, OCD опсесивно компулсивно нарушување

Young Adult

ЗА ВОЗРАСНИ СО:

Хиперакузија, комуникација, психосоматски проблеми, депресија, анксиозност, нарушување на спиењето, потешкотии со релаксација, исцрпеност (burn out), болки во грбот, Мениерова болест, слаба меморија, лоша концентрација, анорексија, булимија, рехабилитација после загуба на слух, тинитус, инсулт, невродегенеративни болести, после треман на хемотерапија.

-post-ai-image-5457.png

СПЕЦИЈАЛНИ ПРОГРАМИ:

Учење на нов јазик
Програма за бремени жени 
Програма за посвоени деца
Програма за студенти

bottom of page